Тик Так и Зорка Тик Так и Зорка
-
- Comedy
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Се она што го пропушти на радио, сега може да го слушаш и како подкаст, кога сакаш и каде сакаш.
-
Среда, 25 Април
Мал времеплов назад во детството ова утро кај Тик Так и Зорка. Освен што ги преслушавме најубавите детски песнички, се навративме на споменарите и лексиконите, а се потсетивме и како се играа најзабавните игри од детството. Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
-
Понеделник 23 Април
Што им фали на нашите временски прогнози? Тик Так и Зорка ви откриваат каква свекрва имате или каква свекрва ќе станете според хороскопскиот знак! И најновите португалски згоди и незгоди, ова утро! Ако пропуштивте, преслушајте овде.
-
Понеделник, 22 Март
Понеделник со тема - работното место. Колку е важно каква облека носите на работа, во однос на продуктивноста? Колку реално афери има во големите фирми? Дали би почнале се од почеток? Како ќе пресметаш колку години има октоподот? Се што пропуштивте ова утро со Тик Так и Зорка, преслушајте овде
-
Среда, 17 Април
Среќна Среда и Тик Так и Зорка и најпопуларните бабини деветини за бременоста. Едно од нај филозофските прашања се постави утринава, дали знаете дека животот е бесплатен, а само луѓето плаќаат за него? Која е историјата на играта "не лути се човече" и најважно како станала толку популарна? Кој ја свртил играта Тетрис? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
-
Вторник, 16 Јули 2024
Чудесен Вторник со Тик Так и Зорка: знаевте ли дека најголемиот сериски убиец потекнува од Балканот? И колку навистина има моќ песната да лекува? Ја знаете ли историјата на чадорот? Или кој е најпознатиот чадор? Се што пропушти ова утро преслуашај овде
-
Понеделник, 15 Април
Нова работна недела, Тик Так и Зорка на радио со приказна за мистериозната шума во Полска, денот на перењето и уметноста и начините на кој што можеш да го одбележиш денешниот ден. Што пропуштивте утринава? Паааа многу позитивна енергија и смеење. Преслушајте овде