9 episodes

Стартуваме подкаст формат во кој ќе се задржиме повеќе на MotoGP & WSBK. Ако добиеме позитивни, па и негативни реакции, ќе се потрудиме да воспоставиме пракса по секоја трка да го раскажеме нашето видување и да споделиме некои новости за и околу највозбудливиот спорт на светот.

Мотори + Баскет + Пив‪о‬ Дарко и Ниџо

    • Sport
    • 5.0 • 1 Rating

Стартуваме подкаст формат во кој ќе се задржиме повеќе на MotoGP & WSBK. Ако добиеме позитивни, па и негативни реакции, ќе се потрудиме да воспоставиме пракса по секоја трка да го раскажеме нашето видување и да споделиме некои новости за и околу највозбудливиот спорт на светот.

    MotoGP Catalunya - Луд спринт и не толку возбудлива неделна трка

    MotoGP Catalunya - Луд спринт и не толку возбудлива неделна трка

    Алеиш најави заминување во стил! Бањаја уште еднаш покажа дека трката во недела е поважна од онаа во сабота, иако беше на пат да ги победи двете. Акосата потврди дека сепак има само 20 години, а Марк... од Марк се плашат сите, а тој и понатаму продолжува да ужива во својот, веројатно последен, камбек.

    • 25 min
    FrenchGP: Големата ајкула се врати!

    FrenchGP: Големата ајкула се врати!

    Хорхе Мартин имаше совршен викенд за зголемување на бодовната предност. Бањаја со топло ладен викенд прими уште еден пораз од Маркез кој имаше најмногу претекнувања во негов стил и го зема целото внимание. Ова не е само борба за титула туку и за место во фабричкиот тим како и доминација во и вон патеката. Шоуто продолжува во Барселона за 2 недели!

    • 58 min
    Jerez MotoGP: Бањаја го враќа ударот!

    Jerez MotoGP: Бањаја го враќа ударот!

    Ако дуелот меѓу Пеко и Марк во Портимао беше прв од многуте кои не следат, тогаш оваа сезона може да биде една оние легендарни за паметење. Мартин со падот во моменти додека водеше, покажа дека ништо не е готово и никој не е сигурен на врвот. Априлија треба да се консолидира по лошиот викенд. Акоста со прв подиум во спринт, но и тежок пад пред главната трка за потсетување дека е во година на учење. Јапонците повторно ги "окупираа" последните позиции. Ле Ман е следната станица за 2 недели! Се гледаме!

    • 51 min
    950-та трка во WSBK и малку MotoGP муабет

    950-та трка во WSBK и малку MotoGP муабет

    Овој викенд се одбележаа 98 години трки во Катедралата на брзина, воедно се возеше и јубилејна 950-та трка во Супербајк. Реа по рекордни 17 победи се враќа на врвот по катастрофално лошиот почеток на оваа сезона, со пол позиција и солиден викенд. Баутиста и Разгатлиоглу потврдуваат зошто се на врвот на табелата. Булега со нови лекции, Гарднер со прв подиум, Алекс Лоус со уште еден подиум за останување во борба за титула, а Николас Спинели им донесе прва победа на Барни Рејсинг во деби настапот како замена за повредениот Петручи!

    • 45 min
    Вињалес влезе во историјата на MotoGP

    Вињалес влезе во историјата на MotoGP

    Како што Бетмен го ослободуваше Готам од константните напади на Џокер и компанија, така и Вињалес ја "ослободи" МотоГП (барем на еден викенд) од доминацијата на Дукати. Дали Акоста ќе биде неговиот Робин ќе видиме во продолжение на сезоната.

    • 46 min
    MotoGP & WSBK во ист викенд за х2 возбуда

    MotoGP & WSBK во ист викенд за х2 возбуда

    Во викендот во кој се поклонија двата шампионати видовме 4 различни победници, Вињалес со Априлија имаше кисело сладок викенд, Марк и Пеко се заглавија со роговите додека Мартин, Бештија и гладниот Акоста завршија на подиумот. На другата страна BMW со Топрак однесе двојна победа, Баутиста и Булега се вгнездуваат на врвот, додека Реа конечно влезе во топ 10!

    • 57 min

Customer Reviews

5.0 out of 5
1 Rating

1 Rating

Mil1976eeeeee ,

Одличен, забавен и информативен подкаст за мотори… Браво дечки, респект..

Честитки за одлично сработениот материјал! Се надевам дека ќе прерасне во пракса и секоја недела да не радувате, информирате и забавувате со втората најважна работа на светот - Моторите…

Top Podcasts In Sport

Brian Windhorst & The Hoop Collective
ESPN, NBA, Brian Windhorst
THE ARSENAL OPINION - BY LE GROVE
PETER WOOD
Hello and Welcome
The Nation Network
The ArsenalVision Podcast - Arsenal FC
ArsenalVision Podcast LLC
The Lowe Post
ESPN, Zach Lowe
Oxley Bom MotoGP podcast
Mat Oxley & Peter Bom

You Might Also Like