НаМуабетСоПапата Milan Papa
-
- Leisure
На Муабет Со Папата е првиот Македонски видео/аудио подкаст на кој водителот, Папата, интервјуира интересни, успешни или амбициозни личности во тотално домашна атмосфера.
-
На Муабет Со Папата | #009 | Мартина Баракоска
Мартина Баракоска е позната македонска бубњарка која со својата љубов, желба и сон према музиката не дозволува ништо да и застане на патот кон успехот во нејзината област. Со неа дискутираме за дисциплината, улогата и потребата на талент како и нејзината приказна за тоа како стигнува таму каде што е. Слушајте го целиот разговор на YouTube или Spotify!
-
#008 | Бојан Мицев
Бојан Мицев е мој долгогодишен пријател и е најуспешниот современ танчер којшто лично го познавам. Бојан е еден од најамбициозните и најталентирани луѓе кои ги познавам и еден од оние луѓе кој својата работа си ја работи со комплетна пасија и љубов. Погледнете го нашиот разговор
-
#003 | Наталија Крстевска
Наталија Крстевска е млада, амбициозна активистка во областите на правата на жените, домашно насилство, сеопфатно сексуално образование (ССО) која во исто време студира специјална едукација и рехабилитација... Со неа разговараме за проблемите околу овие области во нашето општество и можни решенија.
-
#002 | Емил Павлов
Емил Павлов е карате репрезентативец од Штип кој двапати има освоено прво место на европско првенство, прво на европска премиер лига во карате, избран за најдобар спортист за 2018 и многу други значајни достигнувања.
-
#001 | Александар Тодороски
Уживајте во првата епизода од НМСП! Александар Тодороски е штипјанец кој моментално студира класична гитара при Музичкиот факултет во Штип. Истовремено е член во Групата Феникс кои приредуваат музика за свадби, матурски, студентски и сите видови забави.