Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов Stevan Gorgievski
-
- Samhälle och kultur
Podkasti od Grozdan Popov snimeni 2007 godina
Producirani i sočuvani od Ġokica Zafirovski
-
Grozdan Popov E20
Епизода 20 (2007-07-15 10:44:08)
Ете полека дојдовме и до крајот на оваа сезона. Пред вас е последната епизода од овој серијал, и се надеваме ќе се видиме повторно во Септември 2007. Слушнете што има за крај да ви порача вашиот омилен (и единствен, благодарение на некој си таму некаде) македноски подкастер и ви пожелуваме пријатно и убаво лето. Не заборавајте да ја проверите новата секција на сајтот ”Книги од авторот”. -
Grozdan Popov E19
Епизода 19 (2007-07-09 10:43:10)
Во татковината сонцето, во туѓината облаците и дожот, во ова неделно попладне, го наведуваат Гроздан да отвори мисли и концепти како да се раздвижат работите во Македонија, како би можел да се врати дома и да ужива во сонцето. Ви го презентираме Гроздановиот спасоносен економски концепт за Македонија: “New deal“. -
Grozdan Popov E18
Епизода 18 (2007-07-02 10:41:35)
Во татковината сонцето, во туѓината облаците и дожот, во ова неделно попладне, го наведуваат Гроздан да отвори мисли и концепти како да се раздвижат работите во Македонија, како би можел да се врати дома и да ужива во сонцето. Ви го презентираме Гроздановиот спасоносен економски концепт за Македонија: “New deal“. -
Grozdan Popov E17
Епизода 17 (2007-06-25 10:40:43)
Стандардот на животот и достоинството на смртта. Каква експлозија на мисли и чувства иницирани од еден македонски блогерски пост - Сакам да ми умре бабата? Потоа, повторно эа Европа. Таа вечна тема эа нас, но по се изгледа ќе биде неизбежна за долго време – што се’ се случи на последниот самит на оваа видно расцепкана заедница со ситни национални интереси. На иста нота – Полската небулоза эа модерна Европа. За крај, “Инвестирајте во Макеодонија” кампањата иницира позитивни насоки. -
Grozdan Popov E16
Епизода 16 (2007-06-18 10:39:37)
Македонија: Што да правиме за во иднина? Како да мрднеме од мртва точка? Зошто секогаш некој од надвор мора да ни каже кои сме и што да правиме? Која е улогата на нашата влада? Можеме ли да измислиме пак топла вода? Како комуницираме со Европа и другиот свет? Европа: Како големите културни разлики имаат големо влијание во меѓународната економија. За сето ова се прашува и гласно ни го дава своето размисување Гроздан. -
Grozdan Popov E15
Епизода 15 (2007-06-11 10:38:01)
На највисокото државно признание на Република Македонија што оваа Недела, 9ти Јуни, се додели на МПЦ, на очи и срам на македонската јавност, владата и министрите со одсуството од настанот, според Гроздан, праќаат погрешна порака околу себе и тој е многу, многу лут поради тоа. Слушнете интересна и тажна приказна за неодамна починатата грчка блогерка Amalia Kalyvinou која ја разбрани грчката јавност со нејзините лични стории и искуства со грчкото здраство.