8 episodios

ТВ-емисија и поткаст, во која разговарам со успешни македонци кои постигнале успеси и се посветени на својата животна мисија.
Сезона 1 -ИДОЛИ-
7 ТВ и поткаст епизоди со инспиративни гости
7 инспиративни стории на лица од маргинализирани групи граѓани
7 вежби за баланс на духот и телото
__
Проектот ЗЕН е инициран од Equality - Здружение за правата на лица со попречености и Cosense.me - Коучинг за сите сетила!
автор/продуцент: Гере Трипков, монтажа: Дејан Смилевски, автор на музика: Дуке Бојаџиев, дизајн: Симона Трипкова
>Поддржете не во мисијата за создавање трајни општествени промени.

ZEN Podcast Bidi Zen Gere Tripkov

    • Religión y espiritualidad

ТВ-емисија и поткаст, во која разговарам со успешни македонци кои постигнале успеси и се посветени на својата животна мисија.
Сезона 1 -ИДОЛИ-
7 ТВ и поткаст епизоди со инспиративни гости
7 инспиративни стории на лица од маргинализирани групи граѓани
7 вежби за баланс на духот и телото
__
Проектот ЗЕН е инициран од Equality - Здружение за правата на лица со попречености и Cosense.me - Коучинг за сите сетила!
автор/продуцент: Гере Трипков, монтажа: Дејан Смилевски, автор на музика: Дуке Бојаџиев, дизајн: Симона Трипкова
>Поддржете не во мисијата за создавање трајни општествени промени.

    Епизода 7 -ЗЕН- Идоли родители

    Епизода 7 -ЗЕН- Идоли родители

    Гости: Василка и Ѓорѓи Трипкови се родителите на авторот на емисијата ЗЕН. Како гости во 7-та епизода, токму со нив ќе ја затвориме првата сезона насловена ИДОЛИ. | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гере Трипков ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за несоница | Трипкови ќе раскажат и покажат дека и покрај сите животни предизвици, покрај сите спротивни ветришта и сите ѕидови во општеството и во средината на живеење семејството сплотено може да ги преброди со леснотија. Гере во својот портрет ќе се обзнани како еден од заедницата на маргинализираните и ќе испрати порака дека ништо не ќе може да не спречи во мисијата наречена: Љубов, Сила, Слобода! | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    • 29 min
    Епизода 6 -ЗЕН- Никола Ристановски

    Епизода 6 -ЗЕН- Никола Ристановски

    Гостин: Никола Ристановски - еден од најнаградуваните актери со импресивно портфолио, човек посветен на професијата и фамилијарните вредности| Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гордана и Александар Стојаноски ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за поттикнување позитивна енергија | Никола Ристановски зборува за вербата и истрајноста на патот кон личниот и колективен развој, за трансформациските моќи кои како човечки битија ги поседуваме, за влијанието врз сопствената судбина и постигнување животен баланс, за улогата на семејството во личниот и професионален успех и за актерската игра и советите за младите актери. Гордана и Александар Стојаноски испраќаат порака до маргинализираните лица и до општеството со цел обединување во длабока, човечка смисла. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    • 30 min
    Епизода 5 -ЗЕН- Изет Цури

    Епизода 5 -ЗЕН- Изет Цури

    Гостин: Изет Цури е моделист, моден креатор со 50 год. искуство во модната индустрија | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Александар Матовски-Цако ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Изет Цури ќе раскаже како млад човек може да ја креира својата среќа, успех, иднина. Ќе не однесе во неговата младост од Скопје, па Париз и работата со луксузни брендови како Hermés и што е потребно да создадеш бренд покрај толку голема конкуренција, како и совети за млади креатори. Посочува и зошто Македонија нема текстилни брендови и што бил мотивот да го основа Институтот за мода "Изет Цури" во Скопје.
    Александар Матовски-Цако ќе ви даде совет за личен развој. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    • 28 min
    Епизода 4 -ЗЕН- Дуке Бојаџиев

    Епизода 4 -ЗЕН- Дуке Бојаџиев

    Гостин: Дуке Бојаџиев - композитор, продуцент, пијанист | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Марија Савеска ❤️💪🕊️ |
    ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Дуке брутално искрено говори за нашата моќ да одлучуваме каков живот ќе избереме да живееме. Зборуваме и за неговите професионални ангажмани, две-децениската работа како уметник-индивидуалец, за преселбата од Њујорк во Париз, за улогата на семејството во нашиот успех. Марија Савеска ќе ви посочи што ни е потребно да делуваме за да ги оствариме соништата. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    • 30 min
    Епизода 3 -ЗЕН- Наташа Андонова

    Епизода 3 -ЗЕН- Наташа Андонова

    Гостин: Наташа Андонова - фудбалска репрезентативка, поранешен играч на Постдам, Розенгард, ПСЖ, Барса, актуелен на Леванте | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Ирена Поповска ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Релакс вежба за рамената и грбот | Со Наташа разговараме како таа како младо талентирано девојче од Неготино си го остварува сонот да биде врвна фудбалерка, и игра во најдобрите светски клубови. Посочува и што треба да направат родителите за своите деца за да бидат успешни и што значи да сакаш искрено, да бидеш силен и слободен! Ирена Поповска ќе ви пренесе порака како да делуваме за да го движиме општеството напред. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    • 30 min
    Епизода 2 -ЗЕН- Игор Ангеловски

    Епизода 2 -ЗЕН- Игор Ангеловски

    Гостин: Игор Ангеловски - Мрме - тренер на Фудбалската репрезентација на Македонија
    |Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Беира Салифоска ❤️💪🕊️
    | ЗЕН Вежба: Релакс вежба за дишење и антистрес акупресурна вежба
    | Со Игор Ангеловски разговараме за фамилијарните вредности и неговата сопруга која е неговиот семеен стожер, за тоа што општеството да направи за еднаквост и рамноправност со најранливите, на крајот тој сподели совети за младите спортисти. Беира Селифоска пак ќе ви пренесе што е тоа што не движи напред и ни дава сила.| автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency
    |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    • 29 min

Top podcasts en Religión y espiritualidad

Dante Gebel Live
Dante Gebel
365 con Dios
Wenddy Neciosup
¿Qué Haría Jesús?
New Fire
DOSIS DIARIA ROKA
Roka Stereo
Podcast El Lugar de Su Presencia
El Lugar de Su Presencia
Expuestas
Expuestas