27 min

Физиотерапевтот Александар и мистериозната фасциј‪а‬ Обични луѓе

    • Documentary

Зафаќа речиси една третина од нашето тело, но ја нема во официјалните учебници по анатомија. Се споредува со рибарска мрежа или со пајажина, ткиво кое ги обединува внатрешните органи во една целина. Со оглед на нејзината сензитивност на емоции и стрес, велат дека можеби токму тука лежи она што го викаме „душа“. Што е тоа фасција?

Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

С3Е8 – Tранскрипт(Музика: Fascia – Music in Our Body)

Илина:Александар го познавам повеќе од десет години. Во неговата ординација прв пат влегов со неподвижно рамо и со големи болки. „Треба да се работи“, рече тогаш, цртајќи ми вежби со онакви човечиња од цртички, кои дури и такви, најпрости, делуваа насмеано и ентузијастично што креваат тегчиња или тегнат лента. Јас ич не бев, ама со време морав да станам, и поагилна во вежбањето, но и пољубопитна за тоа како функционира човечкото тело, кое не е „машина“ составена од лостови, запчаници, вентили и ремени, туку од органи и врски помеѓу нив кои често остануваат недоразбрани.

(Common People)Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе зборуваме за еден фасцинантен а крајно потценет орган – фасцијата, од чија состојба зависи и нашето физичко, но и нашето емоционално здравје.

АлександарКога ќе ме прашаат пациентите или некој: што е фасција?, јас прво им кажувам дека тоа е она кога јадеме сувомеснати производи, врат, тоа е тоа белото околу мускулите на вратот, околу парчето кое што го гледаме пред нас. Тоа белото, тоа не е масно ткиво. Масното ткиво е поинакво на форма, како салце, а фасцијата се некакви жилички во бела боја, материјал кој што е направен од лигаменти, тетиви, фиброзни ткива. Отприлика тоа е оној првиот опис што претставува фасцијата.

Тоа е ткиво кое ги обединува, ги поврзува органите и системите во една функционална целина. Како можеме да го замислиме тоа? Да го замислиме тоа може да биде како… мислам можеме да го