33 episodes

"Common People" is a podcast dedicated to real stories. Or ones that balance on the thin line between documentary and fiction.
Life stories. Archive ethnographic notes and interviews. Talks and discussions.
(in Macedonian)

Обични луѓ‪е‬ Ilina Jakimovska

    • Society & Culture
    • 5.0 • 1 Rating

"Common People" is a podcast dedicated to real stories. Or ones that balance on the thin line between documentary and fiction.
Life stories. Archive ethnographic notes and interviews. Talks and discussions.
(in Macedonian)

    „ТЕА, ДЕВОЈКАТА СО КОКТЕЛИТЕ“

    „ТЕА, ДЕВОЈКАТА СО КОКТЕЛИТЕ“

    ЕПИЗОДА 33 – Tранскрипт



    Во ова издание зборуваме со Теодора Николиќ, која неодамна победи на 15-тото државно првенство на бармени на Македонија и ќе нè претставува на Светското во Португалија. Во текот на подготовката на оваа епизода се отвори и „Моно“ – коктел бар за којшто таа го има осмислено концептот и специјалните коктели. Прво слушнете ја епизодата, а потоа дојдете да наздравиме со едно „хараџуку“.



    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.



    Muzika – Cassiopea (јапонска фјужн група од 1970-тите)



    Илина:



    До скоро моето познавање на коктели се состоеше од мешање џин со тоник или – покомплицирано – правење Аперол шприц.



    Но откако вработената во маалската продавница за алкохол ми го препорача реалното шоу „Дринк мастерс“ на Нетфлис, светот одеднаш се смени. Сфатив дека има нешто што се викало инфузирање, дека постоjaт шишенца со пипета со горчливи капки – битерси, дека некои комбинации трпaт тресење a други само нежно мешање. Наскоро почнав да претворам унци во милиграми и преку пријатели да нарачувам пијачки од странство што ги нема кај нас. Кујната почна да личи на бар, а алкохолот стана нешто со што можеш да креираш, да раскажуваш приказни.



    (Common People)Јас сум Илина Јакимовска, а ова е 33-тата епизода од подкастот Обични луѓе.



    Велат дека секој коктел е онолку добар колку што е добра неговата најлоша состојка. Но дури и одлични состојки можат да звучат како раштиман оркестар ако не се погодат нивните пропорции и вкусови. Коктел мајсторот оттаму треба да е по малку и хемичар и уметник и зен-мајстор. А исто така помага ако е – психолог.



    Во ова издание зборуваме со Теодора Николиќ, дипломиран психолог и коктел мајстор, која неодамна победи на 15-тото државно првенство на бармени на Македонија и ќе нè претставува на Светското во Португалија. Во текот на подготовката на оваа епизода се отвори и „Моно“ – коктел бар за којшто таа го има осмислено концептот и

    • 21 min
    „Семејството Малахови и нивната македонска мисија“

    „Семејството Малахови и нивната македонска мисија“

    Повеќето приказни визуелно можат да се прикажат како отсечка, со јасна појдовна станица, линеарно траење и крај. Некои повеќе личат на концентрични кругови, каде еден настан поттикнува втор, па трет, па четврт. Приказната за семејството Малахови повеќе потсетува на сликарството на руската авангарда – можеби на еден Малевич или на Кандински. Во неа има историски превирања, авантури, љубов, неочекувани пресврти и мистериозни парчиња. И сето тоа поврзано со Македонија.



    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.



    Епизода 32 – Транскрипт(руска класична музика, звуци на ветер и студ)Илина:Самиот поглед на картата на областа Архангелск на крајниот север на Русија прави да ти влезе студ в коски. Главниот град со истото име бил значајно пристаниште и трговски центар, но и почетна точка за бројни експедиции за истражување на северот – Баренцовото море, Арктичкиот Океан и Северниот пол. Oд тука ќе започнеме една нова експедиција, oвој пат кон југ.



    (Common People)



    Јас сум Илина Јакимовска. Во триесет и втората епизода од подкастот „Обични луѓе“, од тајгите на рускиот север ќе се преселиме најпрвин во шумите на нашето Поречје, па на улиците и во институциите на поствоено Скопје, а од таму во сите правци на светот. Водичи на оваа експедиција ќе бидат членовите на семејството Малахови, чиј удел во македонската култура до скоро не беше доволно познат. Сè до една изложба и нејзините четири авторки.



    (руска класична музика)



    Илина:Повеќето приказни визуелно можат да се прикажат како отсечка, со јасна појдовна точка, линеарно траење и крај. Некои повеќе личат на концентрични кругови, каде еден настан поттикнува втор, па трет, па четврт. Приказната за семејството Малахови повеќе потсетува на сликарството на руската авангарда – можеби на еден Малевич или на Кандински. Разиграните форми како да ги ништат геометриските конвенции, боите се прелеваат, а сликата понекогаш има

    • 40 min
    Елена и Антонио: луѓето што со часови трчаат по планини и уживаат во тоа

    Елена и Антонио: луѓето што со часови трчаат по планини и уживаат во тоа

    Нашите соговорници во оваа епизода одат контра црногорската поговорка „Ако можеш да седнеш зошто да стоиш, и ако можеш да легнеш зошто да седиш“. Тие трчаат, ниту бегајќи од нешто, ниту пак за да победат. Едноставно, скајранингот, или екстремното планинско трчање, им е начин да работат на себе. И успеваат во тоа.



    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.



    Е31 – Транскрипт



    (звуци на трчање на трева)



    Илина:Во книгата „Родени за трчање“ американскиот тркач и писател Кристофер МекДугал го опишува изолираното племе Тарахумара, кое живее во кањоните на северо-западно Мексико. Тој се восхитува на способноста на овие луѓе да истрчаат, во еден здив, дистанци од над 150 километри со неверојатна брзина. Трчаат речиси боси, со обични сандали и ретко се повредуваат. Тарахумарите не се супер-луѓе – и оние „обичните“ се направени за да можат да издржат долго трчање, вели МекДугал. Да ме видел како трчам по двојка на Партизанска сигурно би го сменил мислењето. Но да ги видел нашите денешни соговорници, би рекол – „Ете, гледаш?“.(Common People)Илина:Во епизодата број 31 од подкастот „Обични луѓе“ се запознаваме со двајца за наши сфаќања прилично необични луѓе. Тие одат контра црногорската поговорка – ако можеш да седнеш зошто да стоиш, и ако можеш да легнеш зошто да седиш. Тие трчаат, и тоа замислете, од ќеф.Елена:Здравo! Јас сум Елена Ртоска, имам дваесет и четири години, сум од Прилеп и моментално живееме во Охрид. По професија сум… и работам како софтвер инженер и слободното време го трошам во трчање на планина.



    Антонио:Јас сум Антонио Каранфиловски, исто од Прилеп. Како шо спомна Елена, живееме во Охрид. Имам завршено, дипломирано компјутерски науки и инжењерство. Пет години работам како андроид девелопер.



    Илина:Елена и Антонио се партнери и во трчањето и во животот. Физички Елена е грациозна и тенка. Антонио делува силно, но не како некој што крева тегови и е на протеи

    • 27 min
    Жената што одржува гробови (и не се плаши од смртта)

    Жената што одржува гробови (и не се плаши од смртта)

    Гробиштата обично ги посетуваме на погреби, помени, на празници како Дуовден или Задушница, кога и ја објавуваме епизодава. Но има луѓе на кои гробиштата им се секојдневие. Запознајте ја Бети Недељчиќ, која одржува над 300 гробови во Бутел. Секогаш дотерана и насмеана, таа раскажува за „милионскиот град“ и неговите жители. Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.С3Е10 – Транскрипт



    (aтмосфера од гробиштата)



    ИлинаВелат секој човек треба да посети барем еднаш годишно три места: болница, лудница и гробишта. Ако не се најде таму, тогаш тој е среќен човек.Прво што направив кога син ми почна да поставува прашања за смртта беше да го однесам на гробишта. После спокојната прошетка, вежбањето на азбуката читајќи ги имињата на покојниците и посетата на гробот на прабаба и прадедо, неговиот коментар беше: „Убаво место, пак да си дојдеме“.



    (Common People)



    Jaс сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот Обични луѓе ќе зборуваме со Бети, жена која има над 300, како што самата ги нарекува, клиенти во Бутел. Весела, секогаш дотерана и подготвена за муабет, таа понекогаш ги шокира оние кои ја прашуваат што е нејзината работа.







    Бети:Е па да се запознаеме прво. Јас се викам Елизабета (се смее). Управител сум на фирмата „Бети и Зоки“ – одржавање на гробови. Тоа го работам од 2001 година. Идејата не беше моја него идејата ја прифатив од еден бивши шеф шо беше во АД Бутел, сега он моментално е починат. Ја бев стечаен работник, останав дома и немав работа. И он ми се јави, ми рече – дали би сакала да чистам гробои? И ја тоа го прифатив. И така првиот мој муштерија беше Данчо Шутурков, уствари тетка Данче Шутуркова беше, неговата сопруга. Она беше првиот мој муштерија и она ми донесе уште седум – осум муштерии благодарение на тоа дека биле куќни пријатели. Така почна овој мој бизнис (се смее).



    Илина: А добро дали ти беше шубе во прво време, дека сепак гробишта, смрт, умрени, жално и така

    • 14 min
    Даут – приказна за едно бездомништво

    Даут – приказна за едно бездомништво

    Интимна приказна на човек кому животните премрежја му донеле и подеми и падови. Како дошло до тоа тој да стане бездомник и како неговата судбина го направила солидарен кон оние во слична ситуација.



    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.



    С3Е09- Транскрипт



    Илина:Номадскиот начин на живот, тоа човек да не биде врзан за одредена локација, да талка и да не се грижи каде ќе прилегне кога ќе зајде сонцето, е чест мотив во популарната култура. Таа знае да го романтизира бездомништвото како принцип на врвна слобода. Иако тоа навистина може да биде свесен избор на поединци, причините за бездомништвото најчесто се болни, а самиот бездомнички живот полн со предизвици.



    (Common People)



    Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ својата животна приказна за ја раскажува Даут Таир, некогашен семеен човек и ко-основач на успешна компанија за електро-материјали. Денес тој е бездомник, кој од дом има само една импровизирана гаража. Со него разговараше Александра Ристовски, повеќе од 20 години вработена во Црвениот крст на Град Скопје.



    Даут:Значи моето име е Даут, презимето Таир, роден сум пред 61 година во Скопје како четврто дете. Претходниот значи имам една сестра, и еден брат и еден починат брат кој починал на самиот пороѓај. А, уште како мал така колку што се сеќавам, значи од она што можам да се сеќавам, на моите шест, седум години, ме запишаа во школо и пошто бев како љубимец на мајка, као најмал, као најмал сум и она ми стави Паша на мајка, така ме нарече, и од тогаш ми е прекар Паша. Сите ме викаат Паша, а не од што сум имал некогаш пари, или ова, значи Паша ми остана од мајка ми.



    Роден сум во Бутел односно, таму сум роден, Бутел 1. Претходно беше село Бутел, па кога беше земјотресот, направија некои бараки и таму на татко ми му дадоа барака и таму и живеевме. Значи сестра ми, брат ми, јас и родителите. Извесно време така учев школо, беше добро, меѓутоа од кога завршив тоа основно

    • 26 min
    Физиотерапевтот Александар и мистериозната фасција

    Физиотерапевтот Александар и мистериозната фасција

    Зафаќа речиси една третина од нашето тело, но ја нема во официјалните учебници по анатомија. Се споредува со рибарска мрежа или со пајажина, ткиво кое ги обединува внатрешните органи во една целина. Со оглед на нејзината сензитивност на емоции и стрес, велат дека можеби токму тука лежи она што го викаме „душа“. Што е тоа фасција?



    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.



    С3Е8 – Tранскрипт(Музика: Fascia – Music in Our Body)



    Илина:Александар го познавам повеќе од десет години. Во неговата ординација прв пат влегов со неподвижно рамо и со големи болки. „Треба да се работи“, рече тогаш, цртајќи ми вежби со онакви човечиња од цртички, кои дури и такви, најпрости, делуваа насмеано и ентузијастично што креваат тегчиња или тегнат лента. Јас ич не бев, ама со време морав да станам, и поагилна во вежбањето, но и пољубопитна за тоа како функционира човечкото тело, кое не е „машина“ составена од лостови, запчаници, вентили и ремени, туку од органи и врски помеѓу нив кои често остануваат недоразбрани.



    (Common People)Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе зборуваме за еден фасцинантен а крајно потценет орган – фасцијата, од чија состојба зависи и нашето физичко, но и нашето емоционално здравје.



    АлександарКога ќе ме прашаат пациентите или некој: што е фасција?, јас прво им кажувам дека тоа е она кога јадеме сувомеснати производи, врат, тоа е тоа белото околу мускулите на вратот, околу парчето кое што го гледаме пред нас. Тоа белото, тоа не е масно ткиво. Масното ткиво е поинакво на форма, како салце, а фасцијата се некакви жилички во бела боја, материјал кој што е направен од лигаменти, тетиви, фиброзни ткива. Отприлика тоа е оној првиот опис што претставува фасцијата.



    Тоа е ткиво кое ги обединува, ги поврзува органите и системите во една функционална целина. Како можеме да го замислиме тоа? Да го замислиме тоа може да биде како… мислам можеме да го

    • 27 min

Customer Reviews

5.0 out of 5
1 Rating

1 Rating

Klelija ,

Ви благодарам Илина и Бојан!

Овој подкаст ми ги исполнува сите радио соништа, и тоа на македонски :)

Top Podcasts In Society & Culture

Call It What It Is
iHeartPodcasts
Date Yourself Instead
Lyss Boss
King of Hearts by Chiara King
Chiara King/W!ZARD Studios
Šta je s glavon?
Marko Vuletić
Cancelled with Tana Mongeau
Tana Mongeau & Studio71
Sleepover Party
Leah Halton

You Might Also Like