SBS Macedonian - СБС Македонски

Како се роди најстариот поетски фестивал на светот, "Струшките вечери на поезијата"?

Дали знаете дека "Струшките Вечери на поезијата" е најстариот поетски фестивал во светот? Eден од основачите и долгогодишен директор на фестивалот, познатиот македонски писател Јован Стрезовски, низ емоции се навраќа на моментите, кога заедно со Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодороски, Матеја Матески и Славко Јаневски ја организирале првата средба.