Даут – приказна за едно бездомништво
Интимна приказна на човек кому животните премрежја му донеле и подеми и падови. Како дошло до тоа тој да стане бездомник и како неговата судбина го направила солидарен кон оние во слична ситуација. Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме. С3Е09- Транскрипт Илина:Номадскиот начин на живот, тоа човек да не биде врзан за одредена локација, да талка и да не се грижи каде ќе прилегне кога ќе зајде сонцето, е чест мотив во популарната култура. Таа знае да го романтизира бездомништвото како принцип на врвна слобода. Иако тоа навистина може да биде свесен избор на поединци, причините за бездомништвото најчесто се болни, а самиот бездомнички живот полн со предизвици. (Common People) Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ својата животна приказна за ја раскажува Даут Таир, некогашен семеен човек и ко-основач на успешна компанија за електро-материјали. Денес тој е бездомник, кој од дом има само една импровизирана гаража. Со него разговараше Александра Ристовски, повеќе од 20 години вработена во Црвениот крст на Град Скопје. Даут:Значи моето име е Даут, презимето Таир, роден сум пред 61 година во Скопје како четврто дете. Претходниот значи имам една сестра, и еден брат и еден починат брат кој починал на самиот пороѓај. А, уште како мал така колку што се сеќавам, значи од она што можам да се сеќавам, на моите шест, седум години, ме запишаа во школо и пошто бев како љубимец на мајка, као најмал, као најмал сум и она ми стави Паша на мајка, така ме нарече, и од тогаш ми е прекар Паша. Сите ме викаат Паша, а не од што сум имал некогаш пари, или ова, значи Паша ми остана од мајка ми. Роден сум во Бутел односно, таму сум роден, Бутел 1. Претходно беше село Бутел, па кога беше земјотресот, направија некои бараки и таму на татко ми му дадоа барака и таму и живеевме. Значи сестра ми, брат ми, јас и родителите. Извесно време така учев школо, беше добро, меѓутоа од кога завршив тоа основно школо, јас веќе почнав така, бев многу темпараментен, чепни ваму, чепни таму. Не бев баш примерен. Не бев примерен. Дојде времето, нели, завршив тоа основното училиште почнав да свирам гитара, така на мои 16 години, 15 години, средно школо кога почнав. Се запишав во Коце Металец. Илина:Во средното училиште Даут се покажал како капацитет. Го завршил за три години, а потоа се запишал и завршил и вишо трговско школо. На 16 години веќе го имал првото вработување. Истовремено свирел гитара во културно-уметничкото друштво Коста Абрашевиќ, и со него ја прошетал цела Европа и Америка. Со гитарата в рака ја запознал и жена си. Даут:Сопругата ја запознав свирејќи гитара на една игранка во Железара, значи свирев гитара и така да, се запознавме, веројатно беше љубов на прв поглед. И не беше многу долго врската, едно така година дена може се, пред брак и после се… А.Р. Како се викаше таа? Д.Т. И(…) се викаше. И што знам, можам да кажам дека не можам да прежалам, дека направив огромна грешка што, моја е кривицата што дојде до развод на брак. Моја кривица, имам две ќерки. Не комуницирам со нив, затоа што.. А.Р. Со двете? Д.Т. Со двете, пошто многу двете беа револтирани од она што јас го направив. Илина:Она што го направил е што почнал врска со комшивка, која ѝ го открила тоа на жена му. Ова се случило по петнаесетина години брак, кога тој веќе имал развиен бизнис, две ќерки-тинејџерки и сопствена куќа во која се живеело добро. Даут:Па јас сум основач на Електро-елемент, сега што е ова зграда. Јас сум основач на него. Кога почна, значи бев научен на многу пари, на многу пари. После извесно време, имав пријател кој работеше во казино, работеше во казино, мене фирма ми постоеше како Мери импорт, беше моја фирма, има