(Музика, System of a Down – “Prison”)
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
Илина:
Тоа беше на почетокот на 2000-тите. Организацијата во којашто работев тогаш имаше програма за затвореници. Еден ден требаше да заменувам колешка на редовните посети.
Заминав со љубопитство но тотално неподготвена, ни физички ни психички. Самиот објект не беше страшен, не наликуваше на оние мрачни зандани какви што сме гледале на филмови и серии. Но енергијата на голем број луѓе лишени од слобода на едно место си го направи своето. Тој, и целиот следен ден, ич не ми беше добро.
Кога и кажав на колешката дека и се восхитувам на издржливоста, таа возбудено рече: „Лелее, заборавив да ти кажам да си ја превртиш долната облека!“.
Тоа наводно помагало против урокливите очи на затворските ѕидови.
(џингл- Common People)
Во оваа, 39-та епизода од подкастот Обични луѓе, разговараме со човек кој после 14 години затворска работа делува имун на затворските демони. Во тоа не му помага толку системот, колку личниот став кон работното место, кое е полно со предизвици.
Aлександар:
Александар Ковиловски, виш соработник за групен третман на осудени лица во секторот за ресоцијализација на КП Дом Идризово или популарно наречено – воспитувач.
На ова работно место сум 14 години. Што е потребно за човек да има завршено, да се квалификува? Законски значи потребно е да има завршено пред сѐ психологија, педагогија или социјална работа и социјална политика, меѓутоа воопшто за да работи човек како воспитувач може да има завршено и било која насока од општествените науки.
Илина: Дали ти се пријави на конкурс или како одеше тој процес?
Александар: Тоа беше многу одамна. Се пријавив на конкурс, ме повикаа на дополнителен разговор, претпоставувам за да видат со каков човек разговараат затоа што некогаш за овие работни места не е доволно само да се пријавиш на конкурс и врз основа на твоите печатени податоци да те изберат туку верувам дека потребна е дополнителна проверка затоа што работата во затвор побарува и посебни индивидуални способности.
Илина: Кои се тие? Сигурно нема листа во која што се наведени, но по твоето искуство што е добро човек да има и претходно или да го развие во текот на работењето?
Александар: Мислам дека како прва точка, како прв одговор би го дал – човек треба да има став кон работата затоа што во затвор… работењето во затвор е работа во исклучително ризична ситуација во која човек треба да биде подготвен на сѐ и благодарение на својот став кон работата и кон вработените и кон осудените може да се исклучи или барем во помала мера да се овозможи ескалирање на некои ситуации. Второ би можел да го додадам треба да има… да е доблесен човек, да има строги морални правила до кои што се придржува затоа што многу лесно може да биде доведен во ситуација да биде изманипулиран од осуденичката средина. Човек кој што не ги поседува овие квалитети може лесно да потпадне под влијание, може лесно да потпадне под корупција, може многу лесно да биде… Може лесно несвесно да западне во некои проблеми. Значи мора да е свесен за ситуацијата во која што се наоѓа, мора да е свесен за ситуацијата во која што работи. Многумина луѓе го превидуваат тоа и сметаат дека едноставно ова е работа како и секоја друга, меѓутоа да се работи во затвор е нешто сосема поинакво од тоа.
Илина:
Човек треба да е прилично наивен да мисли дека работата во затвор е како и секоја друга. Па сепак има детали за кои не секој од другата страна на ѕидот, онаа слободната, е свесен. Тие се однесуваат на протоколите за вработените, но и за нивниот број кој барем за воспитувачите е многу помал од предвиденото.
Александар:
Секогаш кога влегуваме на работното место, освен во Управата каде што имаме посебни шкафчиња за оставање на мобилни телефони или ако носиме пари во поголем износ, ги оставаме таму затоа што постои служба која што нѐ претресува… не нѐ претресува буквално меѓутоа поминуваме низ скенер за чисто да се провери дали шверцуваме некои недозволени работи. Ќе се навратам на тоа што го кажа дека мора секој да е свесен. Мора секој да е свесен меѓутоа многу луѓе не се свесни кога ќе се вработат за тоа каде влегуваат и со кого работат.
Овие бројки ќе ги кажам отприлика. Значи во Македонија има околу 2500-2600 осудени лица кои што издржуваат затворска казна. Половина од нив, околу 1300 се во Идризово. На тие има околу 20 воспитувачи од кои што 13-14 можеби водат воспитна група што му доаѓа дека на секое осудено лице… на секој воспитувач, зборувам за вработените во секторот за ресоцијализација му доаѓа да води воспитна група од 100 осудени лица минимум. Тоа е голем проблем затоа што во самиот закон пишува дека воспитувач може да води воспитна група од 15 до максимум 30 осудени лица за самиот процес на ресоцијализација да даде позитивен ефект. Замислете вие водите 15 осудени лица, за сите знаете до каде е работата, им ги знаете проблемите, надворешни, внатрешни, психичките проблеми. А вака со 100 осудени лица е многу потешко да се фати чекор воопшто со нивната основа, многу е тешко да се влезе во плиткото на човековиот ум, а камоли да се влезе подлабоко. Дополнително, воспитните групи ни флуктуираат. Што значи – јас сум човек во затворено
Information
- Show
- PublishedJune 29, 2025 at 8:03 AM UTC
- Length26 min
- Episode39
- RatingClean