Monika Zec Audio Blog

Monika

Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!

  1. 28 THG 6

    Кампување со деца

    Добредојде во уште една епизода од мојот подкаст! Овој пат зборувам за кампувањето – како изгледа кога летниот одмор е во камп. Дали сте размислувале некогаш да кампувате со децата? Дали тоа е авантура или само уште една компликација на одморот? Во оваа епизода споделувам наше лично искуство како семејство кое ужива во кампување, а одговарам и на неколку ваши прашања поврзани со логистика, организација и комфор. Ако ви се врти по глава идејата за лето поминато во камп – оваа епизода ќе ви даде добра слика за тоа што да очекувате. Мејл за контакт: info@camping-esperides.gr. 🎧 Оваа епизода е спонзорирана од 4U PHARMA -  и нивниот производ Probival Pro CHOCO „пробиотик за деца – во форма на чоколадно мече!“ 🧸🍫 За среќни стомачиња и насмеани летни денови! Благодарност до 4UPHARMA за поддршката – и за тоа што грижата за здравјето на децата ја прави вкусна и забавна!

    20 phút
  2. 05/03/2024

    Нашата приказна за спиењето - Втор дел

    Јас сметам дека никогаш не е доста од споделување на искуство на некоја мајка, особено ако се работи за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секоја нова мајка: СПИЕЊЕ! Дефинитивно искуството и перспективата си го прави своето, но сепак знаењето и пристапот и реалните очекувања менуваат сѐ. Па во оваа епизода го споделувам моето искуство околку спиењето со моето второ дете, и што е она што поинаку го направив сега отколку со првото. Од менување на мојата перспектива и очекувања, до заспивање од сам старт во темно и во спална соба, до воспоставување на вечерна рутина, сѐ само дел од работите кои овој пат со сигурност ги направив поинаку и тоа вроди прекрасен резултат. На крајот на денот јас верувам дека сонот игра ОГРОМНА улога во растот и развојот на секое дете, но на крајот на денот не треба да заборавиме дека одговорноста е на нас, родителите

    28 phút
  3. 18/01/2024

    Постпартум втор дел

    Добредојдовте во новата епизода, прва за оваа 2024!  Оваа епизода е продолжение на претходната, но овој пат повеќе зборувам за оние работи кои јас би сакала да ги знам во однос на бебето за тој четврт триместар. Комуникација, како клучот за било кој однос за мене играше огромна улога во градење на таа конекција со моите деца. А комуникацијата со мало бебе е најтешкото нешто, барем за мене како мајка, зошто бебињата се целосно невербални суштества, и еднинствен начин за комуникација им е плачот и body langage. Овие две видеа за мене беа од многу голема помош кога се работи за комуникација: 1. https://www.youtube.com/watch?v=a4WGVOzTR4A&t=349s 2. https://www.youtube.com/watch?v=_P4Kjh-GX3c&t=5s Адаптацијата кај бебињата игра голема улога во целиот процес. Доста често мајките не се свесни дека на бебињата им треба време да го запознаат светот околу нив. Они живееле во утробата на мајката речиси цели 10 месеци и одеднаш очекуваме дека се ќе оди глатко, а тоа често не е така. Јас верувам дека најдобриот начин на исхрана кај секое новороденче е доењето. Овој процес е еден од најдобрите процеси и за бебето и за мајката. Бенефитите од доењето се безброј и тоа е приказна за себе. Но она што доста често гледам и по себе и по другите дека се случува е многу наивно да му пристапиме за доењето, а доста често ни треба стручна помош. Повелете два линка од две прекрасни жени кои верувам можат многу да ве научат кога станува збор доење https://www.instagram.com/doenje_so_ljubov/https://www.instagram.com/jasnic_80/Спиење. Ова за мене беше и секогаш ќе остане една од најголемите и најтешките проблематики со кои се соочив како мајка за прв пат. И ова е уште една од оние работи на кои многу ама многу наивно му пристапуваме, а игра ОГРОМНА улога во многу аспекти на детето. Не само на детето туку и кај мајката и кај целото семејство. Ова е мојата прва епизода за доење, која доколку ја немате слушнато ви препорачувам да ја ислушате.  https://monikazec.blog/2021/02/нашата-приказна-за-спиењето/ И за крај зборувам за времето поминато надвор и околината кои многу знаат да влијаат врз тоа каква мајка сме ние и во каква мајка се градиме.

    43 phút
  4. 15/12/2023

    Постпартум и пораѓај

    Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката.  Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите тие процеси низ кои минува се многу нормална појава за секоја мајка. Често, благодарение на социјалните медиуми имаме една замисла за мајчинството и како целиот тој период изгледа, но кога ќе се соочиме со реалноста често сфаќаме дека не е се така розово како што сме очекувале.  Но баш тоа шаренило е она кое ќе не доведе до поголема зрелост, ќе не направи да бидеме онаа мајка што на нашето дете му е потребна.

    44 phút

Giới Thiệu

Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!