Гробиштата обично ги посетуваме на погреби, помени, на празници како Дуовден или Задушница, кога и ја објавуваме епизодава. Но има луѓе на кои гробиштата им се секојдневие. Запознајте ја Бети Недељчиќ, која одржува над 300 гробови во Бутел. Секогаш дотерана и насмеана, таа раскажува за „милионскиот град“ и неговите жители.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е10 – Транскрипт
(aтмосфера од гробиштата)
Илина
Велат секој човек треба да посети барем еднаш годишно три места: болница, лудница и гробишта. Ако не се најде таму, тогаш тој е среќен човек.
Прво што направив кога син ми почна да поставува прашања за смртта беше да го однесам на гробишта. После спокојната прошетка, вежбањето на азбуката читајќи ги имињата на покојниците и посетата на гробот на прабаба и прадедо, неговиот коментар беше: „Убаво место, пак да си дојдеме“.
(Common People)
Jaс сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот Обични луѓе ќе зборуваме со Бети, жена која има над 300, како што самата ги нарекува, клиенти во Бутел. Весела, секогаш дотерана и подготвена за муабет, таа понекогаш ги шокира оние кои ја прашуваат што е нејзината работа.
Бети:
Е па да се запознаеме прво. Јас се викам Елизабета (се смее). Управител сум на фирмата „Бети и Зоки“ – одржавање на гробови. Тоа го работам од 2001 година. Идејата не беше моја него идејата ја прифатив од еден бивши шеф шо беше во АД Бутел, сега он моментално е починат. Ја бев стечаен работник, останав дома и немав работа. И он ми се јави, ми рече – дали би сакала да чистам гробои? И ја тоа го прифатив. И така првиот мој муштерија беше Данчо Шутурков, уствари тетка Данче Шутуркова беше, неговата сопруга. Она беше првиот мој муштерија и она ми донесе уште седум – осум муштерии благодарение на тоа дека биле куќни пријатели. Така почна овој мој бизнис (се смее).
Илина: А добро дали ти беше шубе во прво време, дека сепак гробишта, смрт, умрени, жално и така натаму. Имаше ли некое суеверие, те плашеше ли нешто?
Бети: Не, воопшто ништо не ме плашеше, ова го прифаќам како секојдневен живот. Како дел од нашиот живот. Што е тоа жива вистина. Не се плашев меѓутоа првите моменти додека малце се очеличев, ако видев некои млади деца кои ги погребуваат ми беше многу жал. Али после малце се очеличев и сега ако видам таков случај, се тргам настрана.
Илина
Како изгледа еден нејзин типичен работен ден?
Бети:
Работам четири дена, значи рачунај четврток, петок, сабота недела, дури ако има потреба доаѓам кроз неделата, имаат роденден, имаат годишнина, имаат помени. Морам да дојдам да го исчистам затоа што врне, се прљаат, еве се гледа и морам да го исчистам. Во тој момент доаѓаат најблиските и сакаат да им е почисто. И доаѓам и преку неделата. Иначе еден типичен работен ден ми е една мопа, една канта, една метла, пет крпи и средства и тоа. Тоа е нашиот типичен работен ден.
Постарите луѓе што се, постарите генерации они доаѓаат. Значи имаме луѓе константно кои што доаѓаат у неделата петпати. Има доаѓаат четири пати. Има луѓе доаѓаат секоја сабота. Идат луѓе секоја недела. Зависи. Има луѓе што доаѓаат нон-стоп.
Илина
Гробиштата Бутел Бети ги нарекува милионски град, со исто толку приказни. Некои од нив се трагични, други, кога би биле филмови, можеби повеќе би личеле на трилери или на акција. На помените знаат да избијат караници помеѓу роднините, поради потиснати тензии или за поделба на наследството. Токму во моментот кога разговаравме на близок гроб длабок машки глас ги убедуваше останатите дека нема шанси да дели 7000 евра на човек кој не нашол за сходно дури ни да се појави и да оддаде почит.
Но за некои нешта кои ѝ биле отпрвин смешни Бети го сменила мислењето.
Бети
Ова сега шо ќе спомнам се работи пред едно десет – дванаес години, еден постар човек иде по улица и плаче. Кога го загледав човекот приметив дека има негдека околу седумдесет и пет години. И он иде и плаче. Мене ми беше смешен, човек седумдес пет години, а нема вака работен ден, нема никој. Само ја бев и чистам. И он сиромав поминува, иде и плаче. И ја викам – што е бе чиче? Вика – а бе татко ми вчера го погребав ама сега не можам да го најдам. И јас си викам – леле бе овој ако има седумдес пет години, па колку ли има татко му? Највероватно сто години. Ама случајно тука ги гледав гробарите дека вчера копаа и викам – а бе чиче, овој ли да не ти е гробот? – Да синко – вика – тој ми е гробот. И ја викам дури мене ми беше смешно.
Оттогаш реков дека више не се смеам. Кој ќе дојде на гробишта, ќе му помогнам. Сепак дали е сто години или сто пет години, он е родител. За мене ми остави длабок впечаток. И више нема да се смеам. А ќе го упатам човекот ако знам.
Илина
Но друг впечаток којшто го имала на почетокот уште повеќе ѝ се засилил – дека разликата помеѓу богатите и сиромашните помеѓу живите се чувствуваат уште понагласено помеѓу мртвите.
Бети
Ја кога дојдов овдека на гробишта мене ми беше малце интересно, одма ја осетив класната разлика меѓу луѓето. Се осеќа. Сега што е реално – реално е. Ако одиме на Шутка во тој дел, ќе видиме посироти гробови што коштаат по илјаду евра, по осумсто. А више кога доаѓаме накај овој дел, више овде се среќаваме со многу поголеми пари и поубаи споменици. Значи и овдека се
資訊
- 節目
- 發佈時間2023年6月2日 上午7:07 [UTC]
- 長度14 分鐘
- 季數3
- 集數10
- 年齡分級兒少適宜