Bitola my birthplace - Битола мој роден крај

Нов поткаст на СБС на македонски, "Битола мој роден крај"

Неколку децении по заминувањето од Битола, двајца родени битолчани се навраќаат на овој чудесен град, за овој пат да го видат со очи на странци и одново да паднат на шармот на оваа неокласична македонска убавица. Внимателно еден по еден ги откриваат напластените историски и духовните слоеви на старомодната дама со раскошен дух, што од антика до денес, крие низа археолошки тајни.