#CelebrateLifePodcast

indog

Podcast about everything that surround me... City life, Human rights, Cool people, New way of thinking, Progressive mindset, Humanity

  1. Sep 26

    indog X Шале

    Некои места исчезнуваат. Приказните за нив остануваат. Со Шале зборуваме за Скопје и за местата што со години ја создавале неговата културна и ноќна сцена — од Бастион, Ленинова, Трамполина, Барбакан и Минус Еден, до Кино Карпош, BKW и Бонобо. Што прави едно место да стане повеќе од локал?Како се создава атмосфера што ги тера луѓето повторно да се враќаат? И што останува кога местото веќе го нема? Зборуваме за промените во градот, музиката, луѓето и различните генерации што го барале своето место во Скопје. И за Култиватор - фестивал кој повеќе од една деценија ја спојува музиката со филмот, визуелната уметност, модата и урбаната култура. Како се прави независна културна приказна и што значи таа денес за градот? А бидејќи музиката секогаш е дел од приказната - на крај Шале ни го состави својот мал soundtrack на Скопје: Aphex Twin, The Orb, The Future Sound of London, Andrew Weatherall и Orbital. Можеби градовите не се менуваат толку брзо колку што мислиме. Само луѓето, местата и музиката си го менуваат ритамот. Скопје не спие. Само наоѓа нов ритам.Like. Share. Contribute.

  2. Jul 20

    indog X 22 години Sure Shotz

    22 години Sure Shotz. Посветено на Панчо. Ова не е само разговор за една DJ екипа. Ова е разговор за 22 години градење сцена, носење светски хип-хоп имиња и докажување дека и една мала земја може да биде дел од светската хип-хоп мапа. Sure Shotz никогаш не беа само промотери. Тие создадоа заедница, поврзаа генерации и покажаа дека кога нешто се работи со љубов, остава трага. Оваа епизода му ја посветуваме на Панчо (DJ Shorty P) – човекот што беше двигател на Sure Shotz. Неговата идеја отсекогаш беше дека домашната сцена треба да се поддржува, а хип-хопот да биде култура што ги поврзува луѓето, а не ги дели. Ова не е приказна за крај. Ова е приказна за наследство што веќе 22 години ги поврзува луѓето преку музика. Зборуваме за пријателство, заедница и за Панчо – човекот што остави многу повеќе од добри журки. Остави сцена.

  3. Jun 30

    indog Х Теодора Николиќ

    Светло што се одбива од чаши. Гласови, музика, движење. Зад шанкот - некој што не само што прави пијалоци, туку чита луѓе. Во оваа епизода зборувам со Теодора Николиќ - барменка, државен шампион и некој кој барменството го гледа како комбинација од занает и психологија. Ја прашав како е да се биде во професија која долго време се перцепираше како „машка”. Нејзиниот одговор покажа дека таа едноставно не размислува во такви категории. Зборуваме и за моментот кога победата на државното првенство како и учеството на светското првенство како нешто промени во неа - не само во кариерата, и за тоа дали навистина можеш да „прочиташ” човек според нарачката. За младалачката енергија нова во Скопје и порака да викаат Здраво и Чао! На крајот на денот, барот не е само маса со чаши. Тука доаѓаме да се видиме, да испуштиме душа, да слушнеме добра песна или пак да направиме спомен што останува.

About

Podcast about everything that surround me... City life, Human rights, Cool people, New way of thinking, Progressive mindset, Humanity