Збор-два: Парк муабети

Zbor dva

Со „Збор-два“ сакаме да ги размрдаме, раздвижиме и разбрануваме разговорите на што повеќе луѓе, зближувајќи и правејќи нѐ посилни во оваа бесконтактна криза низ која поминуваме. Со играта на прашања која заедно ја создаваме со нашата заедница и преку овој подкаст сакаме да ве поттикнеме да размислувате подлабоко, да споделувате повеќе и најважно од сѐ, активно да рефлектирате на позитивните работи во вашиот живот, да се смеете и да живеете поприсутно.

Episodes

  1. Парк муабети со немирна идеја

    08/13/2021

    Парк муабети со немирна идеја

    Се враќамеее со нова епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети со одличен разговор со поетеса, скопска шемаџика и дама со полн глас и исправена става! Зборуваме за идеи, патуваме низ муабети и теми, за тоа како е да живееш со отворено срце и да шириш љубов, како да се радуваш и како постојано да се чудиш. Свемирски и вселенски муабети, по бистроа низ Франција и на плажи по Охрид, рашетани и расеани во нашите весели муабети и моменти разменуваме збор-два, три, четирии... Ова е ода за спонтаноста, за моќта на идеите и за големината на светот и нашата желба да живееме присутно и целосно во него! Прекрасната илустрација за оваа епизода е дело на извонредната илустраторка и дизајнерка Катерина Николовска - Тери. Нејзините автентични креации може да ги погледнете на инстаграм акаунтот extra_teri_strial а повеќе може да погледнете и на нејзиниот Behance профил 3 Нови епизоди секој вторник, а во меѓувреме следете нѐ на: Instagram | Spotify

    31 min

About