SBS Macedonian - СБС Македонски

Владата размислува за признавање на вештините стекнати во странство за да се избегне долгиот период на чекање

Најмалку 620.000 постојани мигранти работат под нивното ниво на квалификации во Австралија, според владините бројки. Министерот за внатрешни работи Тони Бурк вели и покрај потребата од промени во програмата за квалификувана миграција, Австралија признава сè поголем број квалификувани мигранти.