goce.mk

Извештаи, избришани зборови и непријатни вистини

Почнаа пак да вријат социјалните мрежи, емисиите, форумите, а бога ми и некои умови кои ретко се вклучуваат. Повод? Редовен извештај на Европарламентот за напредокот на нашата земја.

Еден пасус, една реченица, едно спомнување на „македонскиот идентитет“ – и одеднаш: драма, заговори, предавства, „ни го крадат идентитетот“, „ЕУ сака да нè избрише“. Како да сме во трилер со лоша содржина, ама со претенциозен наслов.