goce.mk

Goce.mk

Подкаст на goce.mk

  1. 16 СЕНТ.

    Кочани требаше да нé разбуди. Нé разбуди ли?

    Пред точно шест месеци Кочани и Македонија се разбудија во шок од трагедијата која однесе над 60 млади животи. Млади деца, кои излегле да се забавуваат и да поминат уште една саботна ноќ, не се вратија. Изгореа во оган или се задушија од гасовите кои ги вдишале во дискотеката „Пулс". Една од помислите во тие моменти на шок и неверување беше, ако ова не не натера да го мениме системот, за да не ни се случуваат вакви трагедии, тогаш ништо нема. Но, таа помисла почна да бледнее веќе десетина дена по трагедијата. Едноставно, како и бројните слични трагични случаи, кои беа последица на нефункционирање на системот, на пропусти во обезбедување и давање дозволи, на замижување пред реалноста, и овој стана предмет на политичка борба на политичките партии, на будење на најниското кај луѓето кога пристрасно коментираат. И денеска, шест месеци после страшното утро на 16 март во Кочани, ситуацијата не е променета. Дневно политички третман на случајот, во јавноста перцепција дека правдата споро се спроведува, обвинителен акт кој се уште е на оценување, и засега не докрај јасно каде се бара вината. Дали сите ние, заедно, почнувајќи од институциите, надлежните, па до секој граѓанин, сменивме нешто, за да не се повторуваат такви трагедии? Тоа е прашање кое не си го поставуваме, полесно ни е да се обвинуваме политички, да си ги браниме „нашите“, дури и да ги обвинуваме родителите зошто ги пуштиле малолетните деца да одат во дискотека. Небаре, тоа е најважното, а не тоа што биле во објект кој е се, само не објект по стандарди во него да се врши некаква дејност, во кој може да се собираат поголем број на луѓе, да се организираат настани. Засилени инспекции, набавка на противпожарни апарати, што беше најзабележливата активности по трагедијата, нема да го решат проблемот. По се изгледа, подлабоки промени треба да има, посериозно зафаќање со пропустите кои ги имало досега, па многу објекти се потенцијална опасност, а поважен е профитот од безбедноста... Политичките партии ќе ја водат својата борба - едните ќе се обидуваат да ја контролират штетата, другите ќе се обидуваат да поентираат дневно политички. А и едните и другите имаат моќ, нивни луѓе се во парламентот, носат закони, нивни луѓе се во институциите, можат да ги спроведуваат законите... Ама, некако не им оди тоа. Полесно е да се фрла прашина, да се замајува народот, да се бара вина секогаш кај другиот, никако кај себе. Кочани ни беше трагична и скапа опомена - извлекуваме ли поуки?

    3 мин.
  2. 7 СЕНТ.

    Македонија ќе ја биде – се друго е мит!

    Македонија ќеја биде – се друго е мит! Драги млади, Денес ја славименезависноста на Македонија, денес го славиме денот кога сме се одвоиле одЈугославија и сме прогласиле сопствена, независна држава Македонија. Веројатно стеслушале приказни за Југославија – и веројатно тие приказни се на линијата дека била„совршена“ држава, дека тогаш сè било подобро. Веројатно исто така честослушате дека Македонија „не е држава“, дека „не нѐ бива“ и дека „нема даја биде“. Ова е најопаснатасостојба во која може да се најде еден млад човек. Тоа е безнадежноста којанекој сака да ја имате, за тие да имаат бенефит. Но верувајте не еточно! Македонија ја бидува и ќе ја биде! Ние веќепокажавме дека можеме да имаме своја држава. И ќе ја имаме уште поуспешна.Македонија – денес Северна Македонија – ќе ја надживее Југославија, затоа штотаа траеше само 45 години и заврши во крв. Заврши со преку 150 илјади мртвимлади луѓе. Нешто што веројатно тие што ви кажуваат за таа држава ова„забораваат“ да ви го спомнат. Македонија ќе трае затоа што ја градиме врздемократија, а не врз диктатура. Македонија веќе економски одамна ја поминаЈугославија – сите статистички споредби покажуваат дека денес Македонија ипоранешните републики од таа држава имаат поголем номинален БДП и БДП перкапита (со вклучена инфлација). Не дозволувајтеда ве лажат дека не можете да опстанете. Не дозволувајте да ви кажуваат дека неможе подобро. Вие денес живеете подобро од што тие некогаш сонуваа, и вашиотживот ќе биде уште подобар. Знаете ли какоќе успееме? Ќе успееме самоако не чекаме „лидери“ кои ќе не спасат, туку самите ќе ја преземемеодговорноста. Демократијата го подразбира тоа, сите ние постојано да работиме. Сотоа што ќе изградиме институции кои не зависат од партија, туку од закон иправда. Со тоа што ќе кажеме – секое партиско вработување и секој криминал наполитичар е предавство на републиката. Тие се вистинските предавства иопасности, а не замислените непријатели во кои сакаат да верувате! Знам и дека велажат дека демократијата е фасада. Мора да го прекинеме тој лажен наратив! Демократијататреба да ни биде врвен приоритет – засекогаш. Барајте подобро и барајте повеќедемократија секогаш! Никогаш немојте да им простите и да им дадетепростор на оние што ќе се обидат да ве убедат дека демократијата не постои. Не е важно далиси „лев“ или „десен“. Важно е да си демократ. Важно е да веруваш во институциишто се независни и инклузивни. Важно е да веруваш дека иднината ја правиме сами,навистина е важно да веруваш дека ти можеш да изградиш стабилни институции,дека не ти треба никој за да знаеш што е најдобро за твоето маало, твојот град,твојата гимназија, твојата градинка... Македонија ќеуспее – само ако вие верувате во тоа. Среќен ден нанезависноста! Автор: Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на гоце.мк

    3 мин.
  3. 27 ИЮН.

    Трета светска на праг-ние по папучи

    Во рамките на политичката теорија намеѓународни односи, особено кај автори како Ханс Моргентау и Кенет Волц,„мирот“ не се третира како трајна состојба, туку како привремен баланс на силиво анархична меѓународна структура. Историјата покажува дека големите војни незапочнуваат со врева, туку со дипломатија. Не се најавуваат — се воспоставуваатниз постапки што на почеток изгледаат рационални, а подоцна стануваатнеповратни. Во 2025 година, структурата на глобалниотпоредок покажува системски притисоци и знаци на фрагментација. Воздушните ударина САД врз Иран претставуваат само последен симптом на подлабокатрансформација: разградување на мултилатерализмот, делегитимација наинституциите на колективна безбедност и нормализација на конфликтот каколегитимна алатка во рамките на реалполитиката.

    4 мин.

Об этом подкасте

Подкаст на goce.mk