Радио МОФ Подкасти

Radio MOF

Сите подкасти на Радио МОФ на едно место

  1. Активисти во борба против „розовиот данок“

    05/30/2023

    Активисти во борба против „розовиот данок“

    Во светот 28 мај се одбележува како ден на менструална хигиена, и овој ден служи како потсетник за подигнување на свеста и преземање акција до 2030 година секој да може да си дозволи производи за одржување менструална хигиена. Во Македонија иницијатива за обезбедување на бесплатни производи за менструална хигиена забележавме во 2021 година кога Советот на Град Скопје донесе одлука за издвојување средства за бесплатни производи во средните училишта кои се наоѓаат на територијата на Градот. Сепак, средношколките не го добија ова право во годината што следуваше, учебната 2022/23. Премиерот Димитар Ковачевски во декември лани најави намалување на т.н „Розов данок“ од 15% на 8% за сите менструални производи, но и натаму не се знае како оваа одлука ќе се имплементира и кога ќе биде тоа, па ситуацијата со менструалната сиромаштија како да цупка во место. Со Јана Коцевска, извршна директорка на Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк“. кое заедно со иницијативата „ПЕРИОД.Скопје“  утре (31 мај) ја организира конференцијата „Кршење на табуата: Менструална правда за сите“ во новата епизода на Мегафон разговараме за резултатите од нивното истражување „Менструална правда“ за менструалната сиромаштија и за тоа што треба да се направи за конечна промена на состојбата.

    17 min
  2. Мегафон: Што ќе понуди новата Стратегија за млади?

    05/12/2023

    Мегафон: Што ќе понуди новата Стратегија за млади?

    Новата Национална стратегија за млади за периодот од 2023 до 2027 година неодамна беше финализирана и претставена пред јавноста. Следниот чекор е таа да се усвои од Владата и да почне нејзината имплементација, но и фактички да ја замени веќе постоечката стратегија која моментално важи до 2025 година. Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Агенцијата за млади и спорт е институцијата која е задолжена да го спроведе и координира процесот на креирање на националната стратегија, која се изработува во соработка со повеќе страни. Во оваа епизода на подкастот Мегафон зборуваме со Гордана Цекова од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за тоа што сѐ опфаќа стратегија, како се планира таа да се спроведе, но и целокупниот процес на нејзината изработка.

    20 min
  3. Генерацијата Алфа со еден клик го освојува светот

    04/20/2023

    Генерацијата Алфа со еден клик го освојува светот

    Дали се чувствувате како да пропуштате нешто додека сте „offline“?Ја пропуштате најновата епизода од Youthink подкастот за медиумска писменост во која меѓудругото зборуваме и за Фомо-состојбата, односно стравот од пропуштање на важни настани додека сте исклучени од Интернет.Оваа состојба сѐ повеќе се забележува кај младата генерација, а во оваа епизода се фокусираме на генерацијата Алфа.Генерацијата Алфа се децата родени по 2010 година, но она што ги разликува од другите е дека се првата вистинска генерација на деца од 21 век која е родена во целосно дигитално опкружување, а токму технологијата со која се опкружени прави да размислуваат поинаку од другите генерации.Во шестата епизода од Youthink подкастот ни гостуваат истражувачката Тамара Ќупева, професорката Ирена Христовска и психологот Ана Попризова, авторки на Водичот за медиумска писменост за родители и старатели насловен „Дигиталниот свет на генерацијата Aлфа“.

    40 min
  4. Ако знаеш да пуштиш музика на телефон, не значи дека си дигитално писмен

    04/13/2023

    Ако знаеш да пуштиш музика на телефон, не значи дека си дигитално писмен

    Ако имаме добар смартфон и не ги користиме неговите функции, и тоа што има милион мобилни апликации, а се ограничуваме само за дел од нив, на пример, само за слушање музика или за онлајн обложување, не може да значи дека сме дигитално писмени. Бојан Кордалов, комуниколог и експерт за солцијални медиуми, во подкастот „YouThink“ зборува за онлајн живеењето, со сите предности и одговорности.   Според него, ако 90 отсто користиме интернет, а само 10 отсто го користиме на нешто корисно во работата или слободното време, тоа значи дека 80 отсто сме дигитални неписмени. Кордалов посочува дека наместо да бараме младите да усовршуваат вештини и знаења за да си го олеснат дигиталниот живот, можеби тие треба да ги учат останатите. „Традиционалните медиуми ретко ги таргетираат младите луѓе и многу малку луѓе креираат програма во традиционалните медиуми. За да дојдат младите во медиумите, но и медиумите кај младите, потребна е стратегија за тие да креираат содржина. Младите може да дадат многу нови форми, кои и пред 15 години кога се појавија социјалните медиуми беа несфатливи, но денеска терминот ‘социјална телевизија’ е многу видлив“, вели Кордалов.

    35 min
  5. Македонија - европски шампион во хомофобија, ксенофобија и теории на заговор

    03/30/2023

    Македонија - европски шампион во хомофобија, ксенофобија и теории на заговор

    Македонските граѓани се меѓу најхомофобичните и најксенофобичните во Европа, а истовремено и меѓу најрелигиозните. Имаат силни авторитарни ставови, не им веруваат во институциите, но не се ниту нешто посебно заинтересирани да учествуваат во демократските процеси за да ги променат работите. Подложни се на теории на заговор, се сомневаат во науката и сметаат дека живеат во држава со лошо образование, лоша економија и лоши политичари. Ова го покажуваат податоците од неодамна објавеното Европско општествено истражување, во кое за првпат учествуваше и Македонија.  Во оваа нова епизода на подкастот Мегафон разговараме и ги анализираме податоците од ова истражување заедно со професорката Анета Цекиќ, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, која е и Национална координаторка на истражувањето.

    21 min

Ratings & Reviews

5
out of 5
2 Ratings

About

Сите подкасти на Радио МОФ на едно место