goce.mk

Учи дете, за да станеш келнер

“Ќе завршам факултет за да си најдам работа… што ќе ме тера да се прашувам зошто сум го завршил факултетот”.

Во Македонија, тоа е класичен рецепт. Од мали нè учат: учи, учи, и уште малку учи, дипломирај, и работата ќе дојде.
Само што никој не кажува каква работа, каде, и за колку пари. Или поточно – за која навреда.Почнуваш со полна енергија. Запишуваш факултет, влегуваш со некоја идеја дека ќе научиш нешто што ќе те направи „човек од струка“. Поминуваат години, минуваат професори што читаат слајдови од 2005-та, испити што се полагаат по муабет или по нервоза, и скрипти што се пренесуваат од генерација на генерација како семејно наследство.