BMG Network

BMG Network

BMG Network е канал од забавен катактер во повеќе области. Се обидуваме да бидеме различни, но позитивни, со позитивни и мотивирачки животни приказни. Ќе имаме гости од различни области, со различни, но успешни приказни. Кој, каде, зошто, како, колку? И да, време е да се насмееме нели!? BMG Network is a multi-area entertainment channel. We try to be different but positive, with positive and motivating life stories. We will have guests from different areas, with different but successful stories. Who, where, why, how, how much? And yes, it's time to smile right!?

  1. Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст

    Mar 10

    Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст

    Во оваа епизода разговараме за спортската медицина, повредите кај спортистите и состојбата на спортот во Македонија.Колку доктори по спортска медицина има во државата?Дали желбата за успех понекогаш го надминува здравјето?Разговараме за тренингот кај децата, психолошкиот притисок во спортот, најчестите повреди кај спортистите и за тенката линија помеѓу врвна форма и burnout.Ова не е само медицински разговор – ова е приказна за спортот, здравјето и реалноста зад резултатите што ги гледаме на терен.00:00 Интро01:29 Димитар Милошески Мики - доктор по спортска медицина и основач на ПЗУ МС Спорт Медика02:01 Што е спортска медицина03:08 Која е разликата помеѓу доктор по спортска медицина и доктор по семејна медицина?05:24 Во Македонија се само 25-30 доктори по спортска медицина08:08 Како се постанува спортски доктор08:40 Основањето на ПЗУ МС Спорт Медика11:31 Треба да си ја сакаш работата, но треба и да си добро платен за да си среќен13:16 Немаме никаква професионалност во спортот15:03 — Мики како главен доктор на Македонија Ѓорче Петров17:25 — Кого опфаќа спортската медицина18:30 — Психолошкиот момент кај децата е важен19:24 — Како влијае форсирањето од родителите врз децата21:40 — Исхраната е многу важна кај децата кои спортуваат23:35 — Што јадат спортистите пред утакмица26:28 — Професионалните спортисти имаат низок пулс27:04 — Кога треба едно дете да почне со спорт28:36 — Што треба да јаде еден спортист за доручек32:09 — Мит или вистина: Шеќери и енергетски пијалоци36:18 — Повреди кај спортистите39:10 — Кај нашите спортисти има талент, но нема работа39:53 — Предизвик: Дијагноза за 30 секунди45:36 — Еден ден на Мики49:47 — Доктортите се најлоши пациенти51:06 — Колку е важно загревањето за спортистите52:38 — Одбери го подоброто01:07:48 — Порака за крајhttps://www.instagram.com/usteedenpodcast/https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=en

    1h 10m
  2. Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст

    Feb 26

    Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст

    Во град каде што најчесто ништо не функционира… постојат луѓе што од нула создаваат нешто свое — и го прават тренингот достапен за сите.Ова е приказната за Street Workout Macedonia движење кое го менува начинот на кој младите гледаат на тренингот — без скапа опрема, без изговори, а со добри резултати.Со повеќе од 200 активни членови, ова не е само спорт — ова е дисциплина, карактер и начин на живот.Во овој спорт ги поместуваш границите — физички и ментално.00:00 Интро02:33 Како започна Street Workout Macedonia05:50 Што е потребно за приемен испит во Словенија?08:28 Како се прават 3000 склекови за 1 час12:17 Целта е да си ги познаваш границите на своето тело14:22 Кој има најголемо искуство16:55 Кoја е разликата меѓу теретана и Street Workout 24:35 Дали Street Workout e спорт26:18 Како Горазд започна со Street Workout Macedonia27:52 Килажа и згибови36:57 Од каде идејата за создавање на едно вакво движење40:00 Во Словенија има парк на секои 2 до 2.5 километри51:17 На колку места може да се вежба во Скопје53:02 Помага ли некако државата01:01:01 Како може некој да се приклучи во Street Wоrkout Macedonia 01:02:23 Grizzly Cup01:08:32 Апел до компаниите за поддршка01:12:08 Имаше ли момент кога сакавте да се откажете?01:17:20 Исхрана и суплементи01:24:34 Предизвик01:29:12 Порака за крајhttps://www.instagram.com/usteedenpodcast/https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=en

    1h 34m
  3. До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст

    12/23/2025

    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст

    Скопје – повторно меѓу најзагадените градови во Европа. И секоја зима си мислиме дека проблемот е само сезонски. Но вистината е поинаква.Знаеме ли што всушност дишеме? PM честички. PM 10… PM 2.5… Невидливи за окото. Доволно мали за да навлезат длабоко во телото.Во новата епизода на Уште еден поткаст разговараме со Ели Пешева, еден од основачите на O2 Иницијатива – организација која со години се бори за чист воздух и животна средина.Зборуваме отворено за тоа што го загадува воздухот во Скопје. Не се само временските услови, не е само сообраќајот. Индустријата, фабрики и капацитети што испуштаат штетни гасови, затоплувањето на домови со дрва и секако урбанизацијата.Но ова не е разговор што завршува со кренати раце. Зборуваме и за решенија.- Како да го намалиме загадувањето?Проблемот е голем, но со заедничка акција, свест и упорност, можеме многу да промениме.00:00 Интро02:21 Ели Пешева: Луѓето заминуваат поради лошиот квалитет на живот04:37 Како се менува свесноста кај луѓето низ годините05:39 Загадениот воздух – проблем присутен во текот на целата година08:51 Што дишеме и зошто тоа е опасно10:59 Колкава е свесноста кај граѓаните11:48 Затоплувањето на домовите како фактор за загадување13:11 Старите методи за затоплување сè уште се користат14:34 Зошто е тешко политичарите да направат промени15:20 Преголем број стари возила на улиците17:05 Секое возило да има ознака кога смее да се користи18:33 Јавниот превоз мора да функционира за да се користи19:17 Индустриите како значајни загадувачи на воздухот22:00 Дали мерните станици ги даваат точните податоци24:21 Колкав е уделот на индустриите во загадувањето26:15 Главен проблем – неспроведување на законите28:37 Казните како начин за поголемо почитување на правилата30:30 Одговорност наместо привилегии кај надлежните институции33:00 Како урбанизацијата влијае врз загадувањето на воздухот37:29 Што може да направи еден обичен граѓанин40:47 Пријавување на секој проблем во секојдневието42:27 О2 Иницијатива – граѓански активизам за чист воздух46:04 Што би направила доколку има целосна моќ за промена47:10 Буџетот за животна средина се намалува секоја година48:58 За колку време реално може да се реши проблемот50:26 Како географската положба влијае врз загадувањето52:01 Што ја мотивираше да започне борба за чист воздух54:36 Следните чекори на О2 Иницијатива56:36 Македонија меѓу земјите со најмногу пушачи01:01:53 Колку загадениот воздух ни го скратува животот01:02:36 Reality Check01:05:30 Мит или вистина01:10:56 Порака за гледачитеhttps://www.instagram.com/usteedenpodcast/https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=enhttps://open.spotify.com/user/313emgo...

    1h 14m
  4. Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог

    12/05/2025

    Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог

    Дали вакцините можат да бидат причина за аутизам?Како екраните влијаат на детскиот развој?Оваа епизода ја посветуваме на нешто за кое што ретко се зборува јавно – светот на децата, за децата со потешкотии во развојот и вистинските предизвици со кои се соочуваат нивните семејства. Ова е разговор за различностите кои не треба да нѐ плашат, туку треба да ги учиме, прифаќаме и поддржуваме. Разговор што ги засега сите родители… дури и оние што мислат дека не ги засега.Во новата епизода разговараме со Михаела – дефектолог и основач на Сложувалка Плус – центар каде што децата не се гледаат низ дијагнози, туку низ можности. Каде што се гради говор, внимание, моторика… и каде родителите добиваат поддршка, а не притисок.Ги допревме и најчувствителните теми: - рани знаци на аутизам- зошто бројката на деца со аутизам расте- кои се трите најчести грешки што ги прават родителите.А ја отворивме и една од најважните — и најболни — теми: инклузијата. Но не онаа на хартија, туку вистинската инклузија што треба да се случува во училниците, во ходниците, на одморите, во секојдневието на детето.00:00 Интро01:31 Михаела Арсовска - дефектолог и основач на Сложувалка Плус02:43 Како Михаела ја избра професијата дефектолог06:29 Со какви деца најчесто работи дефектологот10:15 Индивидуален третман – како изгледа еден 45-минутен час11:07 Зошто секое дете бара различен третман14:03 Што ја исполнува Михаела во работата15:32 Кога е време да се побара стручна помош17:01 До која возраст децата посетуваат дефектолог19:11 Зошто групната работа не е ефективна21:50 Како изгледа еден работен ден во „Сложувалка“23:44 Атипичен развој – како навреме да се препознае25:16 Зошто родителите доцна ги препознаваат проблемите28:07 Три најчести грешки што ги прават родителите29:25 Екранизација – што треба да знаат родителите30:52 Досадата како извор на креативност32:19 Зошто децата до 4 години не треба да гледаат екрани34:12 Новите цртани – проблем со прекумерни стимуланси35:11 Зошто цртаните треба да бидат на македонски јазик37:42 Врската меѓу екранизацијата и атипичниот развој41:21 Како да се намали зависноста од екрани44:57 Зголемен број на деца со аутизам48:43 Рани знаци на аутизам50:22 Кога се појавуваат првите симптоми51:39 80–90% од децата во „Сложувалка“ се со аутизам53:36 Улогата на спортот во развојот58:54 Инклузија во Македонија – состојба и предизвици01:02:52 Како да се подобри инклузијата01:03:32 Прифаќањето на децата со атипичен развој во група01:06:27 Инклузија има, но е нефункционална01:07:27 Најголемите проблеми во системот01:08:11 Што прави државата за лицата со потешкотии во развој01:10:22 Постојат ли здруженија на дефектолози?01:11:29 Недостаток на решение за лицата со длабока интелектуална попреченост01:13:11 Предизвик: Мит или Вистина01:20:15 Порака од дефектологhttps://www.instagram.com/usteedenpodcast/https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=enhttps://open.spotify.com/user/313emgo...

    1h 21m
  5. Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите

    Season 1, Episode 14 Trailer

    Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите

    Дали вакцините можат да бидат причина за аутизам?Како екраните влијаат на детскиот развој?Оваа епизода ја посветуваме на нешто за кое што ретко се зборува јавно – светот на децата, за децата со потешкотии во развојот и вистинските предизвици со кои се соочуваат нивните семејства. Ова е разговор за различностите кои не треба да нѐ плашат, туку треба да ги учиме, прифаќаме и поддржуваме. Разговор што ги засега сите родители… дури и оние што мислат дека не ги засега.Во новата епизода разговараме со Михаела – дефектолог и основач на Сложувалка Плус – центар каде што децата не се гледаат низ дијагнози, туку низ можности. Каде што се гради говор, внимание, моторика… и каде родителите добиваат поддршка, а не притисок.Ги допревме и најчувствителните теми: - рани знаци на аутизам- зошто бројката на деца со аутизам расте- кои се трите најчести грешки што ги прават родителите.А ја отворивме и една од најважните — и најболни — теми: инклузијата. Но не онаа на хартија, туку вистинската инклузија што треба да се случува во училниците, во ходниците, на одморите, во секојдневието на детето.Не ја пропуштајте новата епизода на Уште еден поткаст во четврток на 04.11.2025 во 20:00, на YouTube каналот BMG Network

    3 min
  6. Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев

    11/18/2025

    Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев

    Дали скапото вино навистина е подобро?Во новата епизода разговараме со Теодор Бојаџиев – енолог, човек кој секојдневно создава, дегустира и анализира вино. Теди ни објаснува зошто цената многу често нема врска со квалитетот, кои се најголемите митови околу виното и што всушност прави едно вино „добро“. 🍷Зборуваме за:• најчестите заблуди кај винолюбителите• процесот на создавање вино• винската култура во Македонија• дали технологијата му помага или му штети на виното• што е подобро: интуиција или наука во енологијата• и како изгледа еден вистински ден на енологОва е природен, искрен и супер пријатен разговор исполнет со смеа, интересни приказни и мудрости во една чаша.А на крај, Теди ја довршува реченицата:„Без вино, животот би бил…“На здравје! 🍷✨00:00 Интро01:26 Претставување на гостин02:00 Што е разликата помеѓу сомелиер и енолог?03:48 Дали разликата помеѓу сомелиерот и енологот е образованието?05:13 Кое вино треба да се одбереза слушање на овој поткаст?08:14 Што најчесто мислат луѓето дека прават енолозите а не е точно?10:22 Лошо пијанство од вино11:04 Како ќе го опишеш виното на некој што нема пробано вино?13:40 Што ја одредува цената на виното15:34 Има сѐ повеќе и повеќе винарии15:57 Еден работен ден на енолог19:35 Колку се прска грозјето по винариите20:41 Винска култура во Македнија21:51 Што се учи на отсегот за Лозарсатво и винарство24:32 Што пијат младите и како би го направиле виното пополуарно?26:37 Како се одлучи за оваа професија29:20 Многу малце студенти се запишуваат на земјоделски35:20 Кога првпат проба вино?36:06 Што го прави виното да е добро?36:36 Предизвик: Брзи прашања, брзи одогвори37:41По што се разликува нашето вино од француско и италијанско38:52 На кои локации најдобро успева грозјето39:40 Мит или вистина48:09 Какво вино би купил со 500 денари?51:00 Вино што ќе им се допадне на сите51:22 Како да се подобрат нашите вина и да ги достигнат поразвиените земји51:08 Наше вино или аргентинско53:44 Им помага ли државата на винариите?55:39 Греано црвено вино56:40 Доврши ја реченицата „Без вино, животот би бил...?“

    58 min

Trailers

About

BMG Network е канал од забавен катактер во повеќе области. Се обидуваме да бидеме различни, но позитивни, со позитивни и мотивирачки животни приказни. Ќе имаме гости од различни области, со различни, но успешни приказни. Кој, каде, зошто, како, колку? И да, време е да се насмееме нели!? BMG Network is a multi-area entertainment channel. We try to be different but positive, with positive and motivating life stories. We will have guests from different areas, with different but successful stories. Who, where, why, how, how much? And yes, it's time to smile right!?