Тавор

Тавор

Православната духовност - живот на Црквата во нејзината богочовечка полнота.

  1. 07/18/2023

    Кога ја виде Исус нивната вера...

    Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!” Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.” А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето. Од Светото Евангелие според Матеј (9, 1-8). Зач. 29.

  2. 01/28/2023

    Црквата, созданието и историјата

    Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот” ... Православието не е бегање од светот во име на вонвременско ширење и трагања, на индивидуална или религиозна самодоволност во која се мешаат христијански и нехристијански еле менти. Православието ја воплотува духовноста на Воплотувањето, тоа е храбар подвиг, претходно присуство на љубовта и одговорноста, сила за преобразба на светот и историјата. Како што падот на човекот не е изолиран настан, бидејќи со себе го повлекол целото создание и ја вовел лагата во историската стварност, така и спасението не е само за човекот, туку е спасение на целото создание и на историјата преку човекот. *** Од книгата: Православна духовност, протојереј Михаил Кардамакис. Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски (комбинирано со компјутерски генерирано читање, со технологија за конвертирање на текст во глас).

  3. 01/02/2023

    2. Обележја на православната духовност (1)

    Православието ги открива богатството на својата духовност и онтологијата на своето внатрешно искуство, со целиот историско-есхатолошки динамизам и со својата богочовечка полнота, во еден збир од своите посебни карактеристични обележја и изрази. Православната духовност е: Библиска и Преданиска Историска и есхатолошка Теориска и практична Светоотечка и монашка Богољубива и човекољубива --- Речник: * Есхатологија (грч. εσχατον - есхатон, крај, последно). Есхатологијата е теолошка наука за последните денови (стварност, настани), но не само во временска, туку и во егзистенцијална смисла, т.е. учење за воспоставувањето на вечниот живот или Царството Божјо, кое ќе се случи на крајот на историјата, со Второто доаѓање на Господ Исус Христос. * Воплотување. (греч. ἐνσάρκωσις, лат. incarnatio), клучен настан во историјата на спасението, кој се состои во тоа, што предвечното Слово (Логос), Синот Божји, Второто Лице на Бог Пресвета Троица, примил човечка природа. Исус Христос е вистински Бог и вистински човек. --- Православна духовност / протопрезвитер Михаил Кардамакис Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски

About

Православната духовност - живот на Црквата во нејзината богочовечка полнота.