Театарски работи... и уште нешто

Teatarska Rabotilnica

Подкаст на Театарска работилница Прилеп, во соработка со театар Чин 4 Сцена 5 за културните и општествено социјалните аспекти.

Episodes

  1. 04/27/2021

    Епизода 2 - „Јас, Илија Димоски Шаторо“ од Петар Петрески

    Во втората епизода на нашиот поткаст „Театарски работи... и уште нешто“, ќе ја слушнете аудио верзијата на книгата „Јас, Илија Димоски Шаторо“ Книжевно се обликува и отплеткува животната приказна, особено на политичкиот сегмент на првиот претседател на собранието на Прилеп, Илија Димоски. Димоски е специфична човечка и политичка индивидуалност, човек кој со помош на својата вродена остроумност, политичка широчина и човечка простодушност, успеал од кондуктер да се искачи до позицијата Претседател на Прилеп. Тој е уникатен. Можете да го сакате, да го мразите и да направите комбинација од тие две нешта. Но, едно апсолутно не можете - да го игнорирате, оти нема да ви дозволи. Експерименталниот книжевен колаж е биографскиот запис со надополнување на фактографски податоци и фотографии. Преку главниот лик го претставиме духот на автентичниот прилепчанец, карактерот, неговите доблести, а преку него и колективниот дух на Прилеп, онаков каков што е: неповторлив и неспоредлив. Текст: Петар Петрески Наратор: Игор Трпче Музика: Томе Темелкоски

About

Подкаст на Театарска работилница Прилеп, во соработка со театар Чин 4 Сцена 5 за културните и општествено социјалните аспекти.