ZEN Podcast Bidi Zen

Gere Tripkov

ТВ-емисија и поткаст, во која разговарам со успешни македонци кои постигнале успеси и се посветени на својата животна мисија. Сезона 1 -ИДОЛИ- 7 ТВ и поткаст епизоди со инспиративни гости 7 инспиративни стории на лица од маргинализирани групи граѓани 7 вежби за баланс на духот и телото __ Проектот ЗЕН е инициран од Equality - Здружение за правата на лица со попречености и Cosense.me - Коучинг за сите сетила! автор/продуцент: Гере Трипков, монтажа: Дејан Смилевски, автор на музика: Дуке Бојаџиев, дизајн: Симона Трипкова >Поддржете не во мисијата за создавање трајни општествени промени.

Episodes

  1. 07/18/2021

    Епизода 7 -ЗЕН- Идоли родители

    Гости: Василка и Ѓорѓи Трипкови се родителите на авторот на емисијата ЗЕН. Како гости во 7-та епизода, токму со нив ќе ја затвориме првата сезона насловена ИДОЛИ. | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гере Трипков ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за несоница | Трипкови ќе раскажат и покажат дека и покрај сите животни предизвици, покрај сите спротивни ветришта и сите ѕидови во општеството и во средината на живеење семејството сплотено може да ги преброди со леснотија. Гере во својот портрет ќе се обзнани како еден од заедницата на маргинализираните и ќе испрати порака дека ништо не ќе може да не спречи во мисијата наречена: Љубов, Сила, Слобода! | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    30 min
  2. Епизода 6 -ЗЕН- Никола Ристановски

    07/11/2021

    Епизода 6 -ЗЕН- Никола Ристановски

    Гостин: Никола Ристановски - еден од најнаградуваните актери со импресивно портфолио, човек посветен на професијата и фамилијарните вредности| Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гордана и Александар Стојаноски ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за поттикнување позитивна енергија | Никола Ристановски зборува за вербата и истрајноста на патот кон личниот и колективен развој, за трансформациските моќи кои како човечки битија ги поседуваме, за влијанието врз сопствената судбина и постигнување животен баланс, за улогата на семејството во личниот и професионален успех и за актерската игра и советите за младите актери. Гордана и Александар Стојаноски испраќаат порака до маргинализираните лица и до општеството со цел обединување во длабока, човечка смисла. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    31 min
  3. Епизода 5 -ЗЕН- Изет Цури

    07/04/2021

    Епизода 5 -ЗЕН- Изет Цури

    Гостин: Изет Цури е моделист, моден креатор со 50 год. искуство во модната индустрија | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Александар Матовски-Цако ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Изет Цури ќе раскаже како млад човек може да ја креира својата среќа, успех, иднина. Ќе не однесе во неговата младост од Скопје, па Париз и работата со луксузни брендови како Hermés и што е потребно да создадеш бренд покрај толку голема конкуренција, како и совети за млади креатори. Посочува и зошто Македонија нема текстилни брендови и што бил мотивот да го основа Институтот за мода "Изет Цури" во Скопје. Александар Матовски-Цако ќе ви даде совет за личен развој. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    28 min

About

ТВ-емисија и поткаст, во која разговарам со успешни македонци кои постигнале успеси и се посветени на својата животна мисија. Сезона 1 -ИДОЛИ- 7 ТВ и поткаст епизоди со инспиративни гости 7 инспиративни стории на лица од маргинализирани групи граѓани 7 вежби за баланс на духот и телото __ Проектот ЗЕН е инициран од Equality - Здружение за правата на лица со попречености и Cosense.me - Коучинг за сите сетила! автор/продуцент: Гере Трипков, монтажа: Дејан Смилевски, автор на музика: Дуке Бојаџиев, дизајн: Симона Трипкова >Поддржете не во мисијата за создавање трајни општествени промени.